На денешен ден пред три години не напушти актерот Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој е познат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и продуцент.

Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за драмски глумци. Специјализација, односно филмско усовршување има добиено на УКЛА во Лос Анџелес. Тој е еден е од основачите на приватното претпријатие за производство на филмови ТРИАНГЛ.


Работел професор на ФДУ во Скопје, а бил и декан на факултетот. Познат е по улогите во филмовите „Најдолгиот пат“, „Црвениот коњ“, „Хај-фај“, „Трст виа Скопје“, „Тетовирање“, „Џипски меџик“, „Панкот не е мртов“, „Ова не е американски филм“, „Деца на сонцето“, „Втора шанса“ „До Балчак“ и  многу други.

Починал по долго боледување на 69-годишна возраст на 29 октомври 2020 година во Скопје.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОБЈАВЕНА ПРОГРАМАТА НА ЧЕТВРТИОТ СКОПСКИ ПОЕТСКИ ФЕСТИВАЛ

Четвртото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи периодот 29 мај до 1 јуни …