Среќен роденден Дамјан Пејчиноски

Дамјан Пејчиноски е роден на 25 октомври 1984 во Охрид. Тој е познат македонски гитарист активен во современото свирење електрична гитара, особено во фјужн-џезот.

Пејчиноски почнал да свири гитара на шестгодишна возраст. По завршувањето на основното и средното училиште во родниот Охрид, каде што живее и денес, во 2003 година се запишал во Националната музичка академија „Проф. Панчо Владигеров“ во Софија каде почнал да студира џез со целосна стипендија, која ја завршил со магистратура. Во текот на својата музичка кариера Пејчиноски остварил бројни национални и меѓународни настапи. Во мај 2010 година ја претставувал Македонија на сцената како дел од Изборот за песна на Евровизија во Осло. Од 11ти до 14ти април 2012 година тој учествувал на добро познатиот фестивал на гитара во Омиш.


Пејчиноски свирел на Music Man Axis гитара, а потоа PRS (Paul Reed Smith Guitar Company) му направил посветена гитара. Ова го прави првиот музичар од југоисточна Европа кој се приклучил на листата на свирачи на ПРС гитара како што се Карлос Сантана, Орианти, Ал Ди Меола и Дејв Наваро.

Среќен роденден Дамјан, ти посакува редакцијата на Екран.


 

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …