Општина Гази Баба за првпат оваа година се приклучува кон семејство европски градови и општини во одбележување на – Европската недела на мобилност (движење) под мотото „Движи се рационално, штеди енергија“.
Во рамките на оваа недела, покрај останатите активности на територијата на општината, како еколошки часови во сите основни училишта, каде што децата ќе се запознаат со целите, активностите и придобивките од користење на одржлив транспорт, ќе се одржи и кино на отворено. Киното почнува во 20:00 часот.
На киното на отворено во ООУ „Крум Тошев“ во Трубарево, ќе бидат прикажани два краткометражни филмови со едукативна содржина поврзана со настанот; „Велосипедски приказни“ (15 мин) и „Нозете на Амстердам“ (12 мин). За да биде уште поинтересно за дечињата, на овој еко настан кино струјата нема да произлегува од обичните извори, туку од посетителите кои ќе ја генерираат електричната енергија преку возење велосипед за да овозможат да се реализира прикажувањето на филмовите. Киното е поддржано од Go green, а главен реализатор е „Македонски зелен центар“.