Патот од правецот на Плушин е нешто попроблематично и подолго, а поради големото искачување ќе ви требаат околу пет до шест часа одење.
View this post on Instagram
Трновачкото езеро е популарна туристичка атракција во екстремниот запад од Црна Гора. Станува збор за горско езеро долго 825 метри и широко 715 метри, која се издига на 1517 метри надморска височина во паркот на природата Пива.
Се верува дека е езеро со глацијално потекло кое е во близина на границата со Босна и Херцеговина, кое е опкружено со планини повисоки од 2000 метри – планината Волуџак на југ и Маглиќ на северот.
До езерото може да се стигне со шумски пат од Тјентиште за околу 1,5 часа одење. Патот од правецот на Плушина е нешто попроблематично и подолго, а поради големиот успон, ќе ви требаат околу пет до шест часа прошетка откриваат на официјалните страници на паркот Пива.
И покрај ова, многумина сакаат да го доживеат во живо и се подготвени за сите физички напори да го видат тоа. Главната причина за ова е неговата магична убавина, но и фактот дека езерото има природен облик на срце.
View this post on Instagram
На плитките делови на езерото водата е бистра, па дури и безбојна, додека во подлабоки делови добива интензивна зеленикава боја. Во текот на зимата, езерото е често целосно замрзнато и со тоа се создаваат зачудувачки сцени создадени за фотографирање.
View this post on Instagram
Можете да го посетите во текот на целата година, но немојте да бидете изненадени ако дури и во јуни тука најдете снег.
Фото: Принтскрин/Instagram