(ВИДЕО) СТУДИОТО ПОТВРДИЛО – Одложено излегувањето на филмот „Wonder Woman 1984″

Продолжението на филмскиот хит од 2017 година
Гал Гадот повторно во улогата на воинката Дијана
Студиото „Ворнер Брос“ го одложи објавувањето на претстојниот филм за суперхерои „Wonder Woman 1984“
Филмот требаше да има премиера на 2. октомври, но беше одложен за 25. декември поради глобалната пандемија на коронавирусот.
Тоа е продолжение на кино хитот од 2017. година, кој заработи 822. милиони долари ширум светот.
Гал Гадот ќе ја повтори улогата на воинката Дијана, а Крис Пајн и Робин Рајт ќе ги репризираат своите улоги.
Засилување во тимот се Педро Паскал  и Кристен Виг .


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Националниот џез-оркестар настапи на ,,Албанија џез-фест” во Тирана

Македонскиот Културно-информативен центар во неделата вечерта во Тирана го претстави нашиот Национален џез-оркестар пред тиранската …