(ВИДЕО) Годишнина на 11. септември: Луѓето со задоволство се сеќаваат на неверојатното јунаштво на актерот Стив Бушеми

ВЧЕРА се одбележа 19-годишнина од еден од најстрашните терористички напади што некогаш ги видел светот – нападите врз кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк.
Терористичкиот напад во Њујорк однесе животи на 2.977 лица и повреди најмалку дополнителни 25.000 и засекогаш го смени законодавството за борба против тероризмот ширум светот. По нападот на кулите на СТЦ, луѓето од сите слоеви се мобилизираа да придонесат за санирање на трагедијата, а меѓу нив беше и славниот холивудски актер Стив Бушеми и на годишнината од трагедијата луѓето со задоволство се сеќаваат на неговото безрезервно херојство.
Имено, Бушеми бил пожарникар во осумдесеттите години, а ден по нападот се пријавил во својата стара противпожарна служба за да им помогне на своите поранешни колеги. Неколку дена работел 12-часовни смени и трагал по телата на загинатите со други пожарникари.


“Беше привилегија да можам да го сторам тоа. Беше одлично чувство да се поврзам повторно со единицата и момците со кои работев. И тоа многу ми помогна, бидејќи додека работев, не размислував за сето тоа. Дури кога застанав, сфатив што се случи.Ќе ми беше многу потешко да го издржам сето ова ако не работев тој ден”, рекол тој во една прилика.
Бушеми работел четири години во една од најпрометните единици во Њујорк, , Engine 55, во населбата Мала Италија. Тој останал во контакт со поранешните колеги и откако стана холивудска sвезда.
Тој одлучил да зборува за неговиот ангажман во 2001 година само по некое време, а подоцна го снимил документарниот филм A Good Jobсо HBO.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …