50.издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“: Како оф-програма, на сцената на НОБ на 14 мај ќе се изведе атрактивната балетска претстава „ГОСПОЃИЦИТЕ ОД АВИЊОН“

Во рамките на јубилејното 50.издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ како оф-програма, на сцената на Националната опера и балет на 14 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе атрактивната балетска претстава „ГОСПОЃИЦИТЕ ОД АВИЊОН“. Балет во 9 слики.
Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата.

This image has an empty alt attribute; its file name is gospogicite-od-avinjon.jpg
Музиката во претставата е на Калиопи Букле, за кореографија и режија задолжена е Олга Панго. Либрето и драматургија се на Сашо Димоски, костимограф е Раде Василев, а на мултимедија и дизајн работеше Емил Петров, дизајн на светло – Милчо Александров, а дизајн на шминкa – Златица Поповска. Асистенти на кореографот се Горан Божинов и Саша Евтимова Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ – сценограф Валентин Светозарев.
Настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи, Агим Бафтии, Ендру Кук.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …