Print

5-ти декември, Светски Ден на волонтерството

Волонтерството претставува основа за социјално и економско трансформирање преку кое се обезбедува трајно влијание заради способноста на овој хуман чин да влијае на начинот на размислување, ставовите и однесувањето на луѓето. Преку волонтирањето луѓето стануваат двигатели на промени и подеднакви партнери за реализирање на локален, национален и меѓународен напредок за одржлив развој на луѓето и глобален мир.

Работата на Црвениот крст и Црвената полумесечина се потпира на придонесот на волонтерите. На глобално ниво, во националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина има околу 15 милиони волонтери. Оваа година, Црвениот крст на РСМ го одбележува Светскиот ден на волонтерството, 5-ти декември под мотото солидарност преку волонтирање со цел да се оддаде признание за придонесот на волонтерите и да се подигне свеста за значењето на хуманоста како основна нишка за позитивни промени кај луѓето преку чинот на волонтирање.


This image has an empty alt attribute; its file name is crven-krst-za-5-dekemvri.jpg

Црвениот крст на Република Северна Македонија ќе го одбележи Светскиот ден на волонтерството, 5-ти декември со различни пригодни активности и свечености на општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје ширум државата.


Продолжуваме да го негуваме и поттикнуваме волонтерството заради остварување на нашите заеднички цели – да бидеме хумани и достоинствени и да им помагаме на луѓето кои се нашле во неволја.

Благодарност до сите волонтери на Црвениот крст на РСМ за нивниот придонес и поддршка.


Нека е честит 5-ти декември, Светскиот Ден на волонтерство

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 18.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Првиот ден од викендот им доаѓа очекувано за повеќето родени во знакот Овен, …