(ВИДЕО) Се појавил немонтиран дел од интервјуто со Меган, луѓето тврдат:„Ова намерно го исфрлиле!“

Интервјуто на Меган и Хари кај Опра привлече големо внимание од светската јавност, а реакциите не стивнуваа ниту во деновите по емитувањето.
Во меѓувреме, се појавија неемитувани извадоци од интервјуто, а голем број луѓе на Твитер тврдат дека овие делови биле намерно исфрлени за да ги прикажат Меган и Хари во погрешно светло.


На прашањето дали членовите на кралското семејство треба да бидат подготвени да ја изгубат приватноста, Меган одговорила: “Мислам дека секој има основно право на приватност. Основно. Не зборуваме за ништо што никој друг не би очекувал”, рекла таа.
„Ако имате фотографија од вашето дете на работното биро и вашиот соработник ви рече: ‘О, Боже, твоето дете е толку слатко. Може ли да ти го земам телефонот за да ги видам сите слики на твоето дете?’, Одговорот е НЕ. Ова е слика што ја споделувам со вас“, рекла Меган, објаснувајќи дека ако споделите една фотографија од дете на социјалните мрежи, тоа не значи дека некој има право да го фотографира детето без дозвола.

„Нема никој кој на Инстаграм или социјалните медиуми би рекол каже:”Бидејќи ја споделив оваа една слика, тоа ви дава за право да ја добиете целата моја камера. Само напред и прегледајте ја. Никој не би го сакал тоа. Значи, станува збор за граници. И тоа е за почит“, заклучила војвотката од Сасекс во одговорот што не беше емитуван.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …