10. БРУТАЛНИ ЖИВОТНИ ВИСТИНИ: Поради овие грешки животот неповратно поминува покрај вас!

Можеби ќе бидете изненадени од тоа колку често правиме грешки кои не држат лишени од токму она што го сакаме во животот.
Животот е сложен и не сме родени учени, но тоа секако не значи дека не треба да работиме на себе и да усвојуваме нови знаења и сознанија, кои ќе ни го направат животот полесен, поубав, посреќен и позначаен.
Денеска можеме да наидеме на многу совети како да го подобриме квалитетот на животот, но психолозите се’ почесто почнаа да укажуваат на грешките кои често и несвесно ги правиме и поради кои ни недостасува токму она кон што се стремиме во животот.
Една таква листа на „грешки“/животни вистини што ги правиме, во желбата да го добиеме она што го сакаме во животот, направија психолозите Давид Рамадани и Јелена Станивуковиќ, а ние ви ја пренесуваме.

10 неочекувани вистини што треба да ги знаете:


1. Колку повеќе се обидувате да ги импресионирате другите, толку е помала веројатноста да ги импресионирате.

2. Колку повеќе се плашите од неуспех, толку е помала веројатноста да успеете.


3. Колку повеќе се плашите од смртта, толку помалку ќе уживате во животот.

4. Колку повеќе копнеете за партнер, толку помалку привлекувате потенцијални партнери


5. Колку сте поотворени за своите недостатоци, толку на другите ќе им изгледате посовршени.

6. Колку повеќе „стискате“ некого, толку е поголема веројатноста дека некој ќе замине.

7. Колку повеќе сте убедени дека знаете сè, толку помали се шансите да знаете.

8. Колку повеќе се фалите, толку сте понесигурни.

9. Колку повеќе ја оттурнувате болката, толку повеќе таа се засилува.

10. Колку повеќе ги избегнувате ситуациите од кои се плашите, толку стравот од нив станува посилен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот апостол Акила

Светиот апостол Акила Еден од Седумдесеттемина апостоли. Како Евреин живееше најнапред во Италија со жена …