(ФОТО) КРИС РОК СЕ ОГЛАСИЛ ПОСЛЕ ЕДЕН МЕСЕЦ МОЛК: Ова е неговата прва објава на Инстаграм откако доби шлаканица од Вил Смит

Комичарот Крис Рок се огласи на социјалните мрежи по прв пат откако Вил Смит му удри шлаканица на овогодинешното доделување на Оскарите.
На својот Инстаграм профил објави промотивна фотографија од својата светска турнеја наречена „Его смрт“, а најави три последователни настапи во Париз.
На фотографијата Крис собра повеќе од 100 илјади лајкови, а голем дел од фановите во коментарите се осврнаа на скандалот на Оскарите кога Вил го удри по лице затоа што се пошегува на сметка на неговата сопруга Џада Пинкет Смит.

View this post on Instagram

A post shared by Chris Rock (@chrisrock)


Да потсетиме, Крис Рок ја коментираше ситуацијата за време на неодамнешниот настап во Калифорнија.
– Добро сум, го имам целото шоу и не зборувам за тоа додека не ме платат – изјавил тој на публиката.
– Животот е добар. Ми се врати слухот – додал тој, но не навлегол подлабоко во ситуацијата.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …