„Звукот на идната генерација“ – концерт на Филхармонија  со талентирани студенти од државните факултети за музика во земјава

Следејќи ја традицијата, и годинава Филхармонијата ќе одржи концерт на кој како солисти ќе настапат талентирани студенти од државните факултети за музика во земјава, а кои се избрани по пат на аудиција.
На 6 јуни (четврток) со почеток во 20 часот, ќе се одржи симфонискиот концерт „Звукот на идната генерација“ под диригентство на маестро Борјан Цанев.
На програмата се дела од Меркаданте, Бојаџиев, Рахмањинов, Крусел и Брамс, а ќе настапат студентите: Јана Каевска – флејта (проф. м-р Страшо Темков), Стефан Илиев – труба (проф. м-р Васо Ристов), Иван Трајковски – пијано (проф. д-р Марија Ѓошевска), Ангел Селим – кларинет (проф. м-р Стојан Димов) и Ева Богоевска – виолина (проф.м-р Олег Кондратенко).
Во текот на месец јуни, Филхармонија ќе одржи уште два концерти во Градскиот парк, под заеднички наслов „Филхармонија на отворено“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонскиот роман и современите тенденции во светската книжевност

Денес со почеток во 13:00 часот, во амфитеатарот 3 на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во …