ЅВЕЗДАТА НА „ДИНАСТИЈА“ УЖИВА ВО ДЕВЕТТАТА ДЕЦЕНИЈА: Зад себе има 4. брака, а сега, во петтиот, ужива со 33. години помлад!

Британската актерка Џоан Колинс (87) се здоби со светска слава со улогата на Алексис Карингтон во сапунската опера „Династија“, а зад себе има животна приказна која е како филм.
Џоан активно снимала до 2016. година и не и ставила крај на актерската кариера. Таа зад себе има бројни љубовни бродоломи, но и пет бракови.
Нејзиниот прв сопруг бил актерот Максвел Рид, со кого се омажи на 19-годишна возраст, откако сексуално ја нападна. Во педесеттите години, „моралада се омажи за човекот со кој спиеше“. Подоцна, сакале да ја продадат на шеик, но Џоан избегала од него.


Со нејзиниот втор сопруг, Ентони Њули, ги добила ќерката, Тара и синот Александар Саша, но се развеле поради меѓусебното неверство.
Бракот со Рон Кас, кој бил зависник од наркотици, завршил откако нивната ќерка Катјана имала сериозна сообраќајна несреќа, а таа раскажала дека изгубила многу пари поради нејзиниот трет сопруг.
Нејзиниот брак со Питер Холм заврши откако го затекнала во кревет со друга жена. Сепак, после се не престанала да верува во љубов и веќе 17. години е во брак со 33-години помладиот театарски менаџер Пирси Гибсон.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …