Зошто луѓето ги оставаат партнерите кои ги сакаат?

Најтежок дел од секој љубовен однос е раскинувањето, дури ако и сами сте го иницирале
Љубовта е се, само не едноставна.
Но, најтежок дел од секој љубовен однос секако е прекинувањето, дури ако и самите сте го иницирале. Кога говориме за него, често прво помислуваме на неверство, голема кавга или предавство, но често го занемаруваме фактот дека на некои љубови крајот им доаѓа многу помирно.
Денес ви донесуваме 5 најчести причини зошто луѓето раскинуваат со партнерите кои сеуште ги сакаат.
1.Осаменост
Понекогаш е толку лесно да се биде во пар, но да се чувствувате осамено. Осаменоста е поврзана со занемарувањето, а штом тоа една страна ќе почне да го прави, другата почнува да се чувстува лошо, а потоа и да се инаети па ако не сакате прекинување обрнете внимание на однесувањето и знаците на партнерот, кои би можеле да упатуваат на тоа дека тој е несреќен.
2. Предвидливост
Иако делува како наивна причина, предвидливоста и тоа како може да влијае на здодевност во врската. Колку и да сте заедно, водете сметка за тоа и понатаму да се изненадувате, да испробувате нови работи, одите на состаноци и слично, за да не упаднете во рутина од која некои парови често не се извлекуваат.
3. Посакуваност
Кога станува збор за вашиот интимен живот воопшто не земајте го здраво за готово. Негувајте го и освежувајте на разни начини и потрудете се страста да биде секогаш разгорена.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот маченик Парамон и другите триста и седумдесетмина со него

Светиот маченик Парамон и другите триста и седумдесетмина со него Во Витинија Азиска некој кнез …