Живот – Српската премиерка и нејзината девојка очекуваат дете!

Милица Ѓуриќ одела на вештачко оплодување. Веќе неколку месеци не се појавува со Ана Брнабиќ во јавност, а како што се дознава од Клиничкиот центар на Србија, каде што работи, веќе земала породилно отуство…
Претседателката на владата на Србија, Ана Брнабиќ (43) и нејзината неколку години помлада партнерка, Милица Ѓуриќ, наскоро ќе станат родители.
Како што пишува „Блиц“, Милица била на вештачко оплодување. Таа веќе неколку месеци не се појавува со српската премиерка во јавност, а како што се дознава до Клиничкиот цнетар на Србија, каде што работи, веќе земала породилно отсуство.
„Премиерката и понатаму останува при ставот да не зборува за својот приватен живот. Во секој случај, благодарам на убавите желби“, рекле од кабинетот на Ана за српска „Глорија“.
Српските медиуми засега не откриле каков пол е бебето кое го очекуваат Ана и Милица.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …