(ВИДЕО+ФОТО) Волја и упорност: Оваа жена 33 години се бори со ракот и 11. пати го победила – За неа нема предавање!

Илонка Целер цел живот мечтаела само за едно – да стане баба. Животните предизвици се нижеле еден по еден, и така со децении, а Илонка ги прескокнала сите пречки и од животот добила и повеќе отколку што се надевала…
Илонка Целер (81) го победила ракот 11. пати. Таа оваа своја битка ја води цели 33. години – првпат станувало збор за канцер на дојка. Во меѓувреме борбата се проширила на многу фронтови, а оваа неустрашива жена ја добила секоја битка.


„Еднаш за 19. месеци минав пет операции. Имаше случаи да ме оперираат во петок, па потоа повторно во понеделник. Сите тие јазли се појавуваа еден по друг, лекарите ги отстрануваа а јас никогаш не си дозволував да мислам дека од тоа можам да умрам. Не ми било судено, но себе си реков дека не можам да умрам бидејќи ќерка ми сеуште не е мажена и никој не ми викнал бабо, а тоа ми е цел во животот“, се доверила Илонка.


Токму тогаш прославувала дијамантна свадба со својот сопруг. Во 60. години заедништво се собрало исто толку среќа, тага, стравови, солзи и смеа што е тешко да се опише. Се’ пребродиле и еден на друг останале сигурни пристаништа. А, на Илонка сонот и се остварил одамна.
„Мојата ќерка среќно се омажи, имам добар зет и три внуки. Јас сум една среќна баба“ рекла низ солзи.


Денеска Илонка вели дека нема само внуки туку и правнуки. ;алечкиот Михајло уживал со баба му, а таа вели дека чека уште правнучиња.
„Остарев но верувам дека ќе живеам уште 10. години. Може да се случи утре да се разбудиме и да слушнеме дека е пронајден лек за ракот. Испијте таблета и здрави сте“, искрено посакува оваа жена која ниту една борба не ја скршила.

Како и секогаш и’ денес Илонка му помогнува на сопругот во чувањето пчели. Работи по дома, готви и чува внуци, а покрај сето тоа секој месец посетува жени во болница, држи работилници и предавања за борбата против ракот.
Денес е Светски ден на борба против ракот и на сите ни треба една ваква приказна, како оваа на Илонка, жена со нескршлив дух која победата во најтешката и најважна борба не ја однела еднаш туку 11. пати.

Фото: блиц.рс

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …