ВТОР ЗА ДА ГО НАСЛЕДИ ТРОНОТ – ШЕТАЊЕТО ДО МАЈЧИНИОТ КОВЧЕГ МУ Е НАЈЛОШОТО НЕШТО ВО ЖИВОТОТ: Принцот Вилијам слави 40 роденден, не го поканил брат му на прославата!

Принцот Вилијам, војводата од Кембриџ, денеска наполни 40. години. Роден е во 1982. година во Лондон како најстар син на престолонаследникот Чарлс и покојната принцеза Дијана, а е внук на кралицата Елизабета Втора и покојниот принц Филип.
Детството на Вилијам на многу начини се разликувало од неговите врсници ширум светот. Растењето во кралската резиденција и подготовката за идната должност на кралот е искуство низ кое повеќето момчиња не поминуваат.

Кога имал 15 години, ја загубил мајка си, која загинала во сообраќајна несреќа во 1997. година во Париз. Принцот и неговиот брат Хари изјавиле дека одењето зад ковчегот на нивната мајка на нејзиниот погреб бил еден од најтешките моменти во нивниот живот.
Таткото на Вилијам, принцот Чарлс, се ожени со Камил Паркер во 2005. година. Тој беше првиот член на кралското семејство кој не направи свадба во црква, а тоа е затоа што официјално се разведе од поранешната сопруга Дијана, па имаше само граѓанска церемонија.


This image has an empty alt attribute; its file name is lejdi-dijana-semejno.jpgВеќе во студентските денови, Вилијам ја запознал љубовта на својот живот и неговата идна сопруга Кејт Мидлтон. Младите студенти се запознале и се заљубиле во Св. Ендрјус универзитетот во Шкотска, каде Вилијам дипломирал географија. Тие се верија во ноември 2010. година и пет месеци подоцна имаше голема кралска венчавка, која до ден денес го држи рекордот како настан со најмногу преноси во живо за некој настан – дури 72. милиони луѓе ја следеле свадбата на интернет, а вкупно се проценило дека околу 2. милијарди луѓе го следеле настанот на телевизија. Затоа во 2012. година беа вклучени во Гинисовата книга на рекорди.


Единаесет години подоцна, Вилијам и Кејт имаат три деца – синот Џорџ (8), ќерката Шарлот (7) и синот Луис (4).
40-тиот роденден на Вилијам е одбележан и со специјално издание на монетата од 5 фунти, на која ќе биде прикажан неговиот лик.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …