(ВИДЕО) Три трикови за совршен мирис на секоја соба во куќата: Состојките ги имате во кујната!

Секогаш можете да пробате природни решенија…
Доколку барате брзи и ефикасни решенија кои ќе го направат вашиот дом посвеж и помиризлив, една мајка си го нашла патот и споделила се’ на социјалните мрежи.
Шантел Мила, позната како Мама Мила, споделила лесни трикови кои ќе направат вашиот дом да мириса неверојатно за неколку минути.
Еден трик е совршен за кујната, бањите и пералните.
– Исчистете го мијалникот со сода бикарбона со лимон за да ги отстраните дамките од ‘рѓа и целата нечистотија – истакнува Мила.
Видеото покажа дека лимон прелиен со сода бикарбона направил мијалникот да блесне за неколку секунди.

@mama_mila_ 3 easy tricks to leave your home smelling beautiful 🕊 #hometips #homecleaning ♬ Running Up That Hill (A Deal With God) – Kate Bush


На следниот трик му требаат шеесет минути за да стапи во сила, но вреди да се чека.
– Во 1/2 шолја сода бикарбона ставете 10 капки есенцијално масло. Посипете ги теписите, оставете еден час и вакумирајте.
Со ова убавиот мирис ќе се рашири низ собата, а вие ќе можете да уживате во него.

А третиот трик е во повисок стаклен сад да ставите зрна кафе и потоа ставете мала свеќичка. Како што ќе гори свеќичката така ќе го загрева кафето и во просторијата ќе се шири омилениот мирис.


Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …