Времето денес повторно ќе не изненади: Очекувајте промена

Денес ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.
Ќе има разведрување, како што имавме и во среда, но разведрувањето ќе настапи нешто подоцна.
Во најголем дел од земјава би траеле некаде до околу 7 часот наутро, освен во крајните источни и крајните заадни делови од земјата, каде врнежите ќе бида застапени се до доцна претпладне. Снег ќе има само на планините.
Втората половина од денот ќе го донесе новото разведрување. Во истиот период ќе дува умерен северозападен ветер во источната половина од земјата, како и долж повардарието, додека умерен, локално на повиските места засилен западен ветер ќе дува во западниот крај.
Утрото ќе биде релативно топло, со минимална температура која насекаде ќе има позитивна вредност, односно помеѓу 4 и 7 степени.
Максималната вредност ќе биде нешто пониска во однос на среда. Во котлините од северниот и западниот регион температурата ќе има максимум помеѓу 10 и 11, а во гевгелиско – дојранскиот крај околу 16.
Скопската котлина очекува облачно време рано наутро, кога се очекуваат и врнежи од дожд. Претпладне облачноста ќе се намалува, додека попладне ќе биде ветровито и со тренд на уште поголемо разведрување.
Од петок ќе настапи стабилизирање на времето со значително повисоки дневни температури, особено за време на викендот кога на планините ќе има забрзано топење на снежната покривка.
За време на викендот температурите ќе стигнат и до 23 степени најавуваат од  meteopro.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …