(ВИДЕО) Еве што се случува кога Путин ќе се налути и ќе збесне!

Обично е смирен, сталожен,насмеан, но и рускиот претседател има моменти кога реагира спротивно на сликата во јвноста…
Владимир Путин важи за строг човек, а подолу имате прилика да го видите како изгледа во такво издание. Ќе погледнете видео во кое тој покажува дека знае да биде многу сериозен дури и кога спроти него седи познат бизнисмен.
За многу кратко време Путин решил една многу незгодна ситуација во која учествувал познат руски бизнисмен и работници од една фабрика.
Еден од најпознатите бизнисмени, Олег Дерипаска, заедно со уште неколкумина купиле фабрика за симболична цена. Имале само една цел – да ја затворат за да земат корист од тоа.
Работниците му пишале на Путин, го замолиле да им помогне, а тој свикал состанок со работниците, но и со новите сопственици.
Бесен, го започнал состанокот со зборовите:
„Зошто ова не сте го решиле досега? Се разбегавте како бубашваби кога слушнавте дека идам наваму!“
Пред сите буквално го натерал Олег Дерипаска да потпише договор со кој фабриката почнува со работа онака како што предвидела владата.

https://youtu.be/089B8tjv4T0


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …