Срамота: Сакаат да се збогатат на несреќата на семејството на починатиот Александар

Апелот деновиве брзо се ширеше на социјалните мрежи, па затоа апелираме доколу имате некоја информација да пријавите во некоја од полициските станици во Скопје.
Семејството на несреќно починатиот фитнес тренер и модел Александар Грујовски, по објавениот напис за барање помош за транспорт на неговото тело од Малта во Македонија нагласува дека станува збор за лажен повик и дека тие не побарале никаква финансиска помош. Велат дека случајот е веќе пријавен во полиција.
„Не бараме никаква помош. На нашата несреќа некој собира пари. Пријавено е до надлежните органи и сите ќе бидат гонети“, соопштуваат од семејството.
Апелот деновиве брзо се ширеше на социјалните мрежи, па затоа апелираме доколу имате некоја информација да пријавите во некоја од полициските станици во Скопје.
Инаку според извештаите на полицијата, Александар паднал од височина, односно се лизнал од карпа кај заливот, додека се шетал со својата девојка.
„Полицијата и медицински тим беа повикани на местото на настанот, по што беше констатирана смрт. Телото беше на карпите, по што беше пренесено со хеликоптер. Полицијата работи на расчистување на настанот“, пренесоа странските медиуми.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложба на Ива Станковска и Јана Николовска

„Art Exhibitions“ е проект чија цел е да поддржи млади уметници од Македонија и да …