(Вознемирувачки фотографии) Шугата „жива ја изела“: Манекенка умрела на стравичен начин!

Некогаш познатата манекенка, Ребека Зени, животот го завршила „жива изедена“ од страна на шуга која го зафатила нејзиното тело во еден дом за стари лица во Грузија.
Поради деменција Зени била сместена во домот, каде поради напад од страна на „Sarcoptes scabiei“ на нејзиното тело добила шуга и умрела во тешки маки на 93. години.


Нејзиното семејство и јавноста биле згрозени од начинот на кој починала, особено што држвните функционери задолжени за контрола имале сознание за присуството на шугата, но никогаш не покренале истрага.
Поради тоа, семејството одлучило да го тужи домот во кој Зени била сместена.

Некогаш Зени била популарен модел кој работел во Њујорк и Чикаго, а исто така во Втората светска војна служела во армијата на својата земја.

Како што се наведува во истрагата таа умрела 11. дена по добивањето на шугата. Од домот за нега на стари лица каде ги минала последните неколку години од животот, не сакале да одговараат на прашања на новинари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АКТУЕЛНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следува многу нестабилно време со чести врнежи и грмежи – Можно е невреме, додека температурите ќе бидат под просекот за средината на Мај

Метео прогноза на Славчо Попоски: Денес поплдне особено во западните и во југозападните предели од …