Во Дојран утре почнува „Д фестивал“

Во Дојран утревечер почнува осмото издание на „Д Фестивал“, кој ќе трае до 8. јули.

Арт поп ѕвездата од светската авангарда Севдализа, нашата култна група „Архангел“, популарниот амстердамски бенд „Мај бејби“ и ди џејот Пол Ван Дајк се само неколку од педесетината домашни и странски реномирани музички имиња и групи кои ќе настапуваат на четирите отворени сцени на најголемиот летен музички настан во Македонија.
Во посебно уредени зони на кампот, во кој се очекува да се сместат од 8.000 до 10.000 посетители организаторот и покровителот Општина Дојран, покрај музичките настапи планираат одржување на панел дикусии, предавања, филмски проекции, работилници, мултимедиумски презентации.
Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов вели дека сите капацитети во Дојран се полни и дека за време на одржување на фестивалот, покрај редовните гости, очекува дневно во Дојран да доаѓаат и до 30.000 луѓе. Посочи дека сите подготовки во нивна надлежност се завршени и оти комуналните служби за собирање отпад ќе работат во две смени.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот уметник Киро Урдин

Киро Урдин е роден во Струмица на 12 мај 1945 година. Дипломирал на правниот факултет …