(ВИДЕО+ФОТО) Победничката на Евросонг обвинета за плагијат: Доведено во прашање одржувањето на изборот во Израел 2019!

Победата на Израел на Евросонг, поради обвинувања за плагијат, се нашла под лупа на јавноста.

Победата на Израел на Евросонг 2018 е загрозена откако една од најголемите светски музички компании се заканила дека ќе ги тужи композиторите на израелската песна поради повреда на авторски права.
Компанијата „Universal Music Studios“ испрати писмо пред тужба до Дорон Медалие и Став Бегер кои заедно ја компонирале победничката песна на Нета, за која тврдат дека е копија на хитот “Seven Nation Army” од групата White Stripes од 2003 година, пишува Time of Israel.


Ако ова тврдење се докаже на суд, Израел би можел да биде дисквалификуван од Евровизија, како и да го изгуби правото да биде домаќин следната година.
Според правилата на натпреварот, сите песни кои се натпревруваат на Евросонг морат да бидат оригинал.


Еден од копозиторите на песната, Дарон Медалие, ја потврдил веста и отпатувал во САД за да се обиде да ја разреши оваа криза.
„Изненаден сум што го примивме ова писмо, но го решавме проблемот. Верувам дека успешно ќе го решиме во текот на наредните недели и дека и двете страни ќе бидат здоволни“.


Инаку, уште во март оваа година израелскиот музички критичар Бен Шалев, напишал дека музиката од песната „Toy“ е толку слична на хитот „Ѕeven Nation Army“ што се надева дека Џек Вајт нема да ја слушне пред Евросонг бидејќи би можело да дојде до тужба.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …