(ФОТО) „Како чаршав“: Меланиа Трамп во необично патриотско издание!

Американците на 4. јули прославија еден од најважите државни празници, Денот на незвисноста, со кој го одбележуваат донесувањето на Американската декларација за независност, 4.јули 1776. година.


Се славело и во Белата куќа, каде во ораганизација на претседателот на САД, Доналд Трамп и неговата сопруга, е одржан пикник за воените семејства.
Многу Американци за празникот облекувале комбинации во боите на американското знаме – црвена, сина и бела. Не била исклучок ниту првата дама, која избрала долг вечерен фустан со гингам шара. Фустанот го направил познатиот американски моден дизајнер Ралф Лорен,па овој стајлинг на Меланиа бил прогласен за патриотски.


Анонимни коментатори на социјалните мрежи малку се пошегувале и напишле дека нејзиниот фустан изгледа малку необично бидејќи наликува на вистински чаршав за пикник.


Меланиа Трамп стајлингот го дополнила со каишот на Александр МекКвин и салонките на Кристиан Лаботин.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …