Во четврток премиерно ќе биде прикажан документарниот филм Талија“ за 125. години театарски живот во Тетово

„Талија“ е наслов на документарниот филм посветен на театарскиот живот во Тетово во изминатите 125 години низ разни форми на театарска игра, што ќе биде премиерно прикажан в четврток. Режисер на филмот е Саше Серафимовски, асистент режисер Игор Бачовски, а извршен продуцент Миќо Стојчевски.

Филмот опфаќа период од првите аматерски театарски претстави кои се играле уште од 1898 година во цркви и куќи на населението, а продолжува со Градскиот народен театар (1949-1954) и потоа Аматерскиот театар и Драмското студио при Домот на култура како институционална.


This image has an empty alt attribute; its file name is talija.jpg

-По седумгодишно истражување имаме документарен филм кој опфаќа 125 години од театарски живот во Тетово генерално. Тоа е филм во кој се опфатени 50 луѓе сведоци на тие години, но и театролози, историчари кои што хронолошки ги запишувале сите дешавки. Со огромен број на стари материјали кои благодарение на Архив ги вметавме во филмот. Филм за драмското студио кој е директен наследник на стариот затворен Градски народен театар кој работел професионално. Верувам дека ќе оставиме еден траен документ, едно трајно сведоштво на она што се нарекува култура и уметност. Театарот во Тетово е едно од првите уметности кои бележи напредок од самиот почеток, заедно со хорската дејност, изјави Саше Серафимовски, режисер на денешната прес конференција.


This image has an empty alt attribute; its file name is dokumentarec-za-tetovo-teatar-1.jpg

Игор Бачоски кој е асистент режисер истакна дека има многу материјал што ќе се искористи за нова документарна серија.


-Снимен е огромен материјал, а филмот ќе трае 120 минути. Се договоривме да го искористиме и тој материјал што не е во филмот, да се направат четии епизоди документарна серија, така ќе се добие комплетна слика за овие 125 години театар во Тетово, рече Бачовски.

-Ова истражување може да го продолжат наредните генерации. Министерството за култура имаше слух да го поддржи овој проект. Ние како национална установа правиме еден белег во историјата ова парче на филм ќе остане за идни генерации, изјави Миќо Стојчевски, директор на Музеј на тетовски крај кој воедно е извршен продуцент на филмот.

Премиерата е закажана за во четврток 23 јуни од 19.30 часот во салата на управната зграда на Музеј на тетовски крај во поранешен Дом на Армијата.
Во тек се договори за термините за емитување на документарниот филм и во Скопје, Белград и Сараево.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …