ВО 91. ГОДИНА – Почина легендарниот југословенски водител Саша Залепугин

Легендарниот југословенски ТВ водител Саша Залепугин почина на 91-годишна возраст.
Новинарот и уредник на култното „Неделно попладне“ доживеа мозочен удар кон средината на октомври и беше во индуцирана кома.
Тажната вест за смртта на легендарниот водител ја потврди неговата сопруга Тихана Харапин Залепугин на Фејсбук.
„Збогум љубов моја, чекај ме“, напишала таа.


Александар-Саша Залепугин, новинар, уредник и водител, е роден во Сараево во 1931. година и беше еден од најпопуларните телевизиски водители во Југославија, со чиј лик и глас поминауваа незаборавните неделни попладневни часови. Во пензија, тој ја откри својата иновативна страна, но телевизијата сепак беше неговата прва љубов.

This image has an empty alt attribute; its file name is sasa-zalepugin-1.jpg
Од 1971. година беше уредник на забавната програма на RTZ и почна да го уредува и води „Неделно попладне“, емисија која влезе во телевизиската историја на Југославија како прототип на мозаично-забавна емисија, која можеби не е надмината до денес со оглед на стандардите што ги имаше Залепугин.
Во 1983. година оваа емисија беше наречена „Состанок без дневен ред“. Тоа го означи продорот на модерното европско новинарство на загрепскиот канал на поранешната ЈРТ (Југословенска радио телевизија) и повремено достигнуваше и до 70. проценти на гледаност.


Фото: Принскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …