ВНИМАНИЕ: Од четврток до недела не очекува вистински пекол

Времето во Македонија денес и утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне особено во планинските региони ќе има локална нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 10. до 19., а дневната од 24. до 27. степени.
УВ-индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје, претпладне сончево и топло со мала облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност. Утринската температура ќе се спушти до 18., а дневната ќе се искачи до 32. степени.
Но, тоа е сегашност, а времето во наредните денови ќе биде вистински пекол…
Ќе продолжи период на топло време, а најтопло ќе биде од четврток до недела. Тие денови ќе ги заборавиме ненадејните поројни дождови, на места со град и ќе добиеме вистински летен температурен пекол.
Прогнозите се како да сме среде лето, наутро околу 20., а  на пладне и попладне дури и до 39. степени…Се очекуваат температури кои се карактеристични за јули и август, значи вистински летни пеколни жештини.
Секако, се препорачува да не се излегува од 10. до 17. часот, а сите обврски да се завршуваат рано наутро или после 18. часот.
За овие денови треба добро да се „опремиме“ и со вода и пијалоци кои ќе ја намалат дехидрацијата на организмот. Препорачливо е да се пие многу вода, но не ладна (да не се направи шок на организмот) туку на собна температура како и лимонади и млаки чаеви.
За оние кои користат клима уреди треба да се знае дека препорачливо е внатрешните температури да се држат само 10. степени пониски од надворешните бидејќи температурните шокови можат да предизвикаат сериозни последици за организмот.
После ладните и дождливи јунски денови се чини летото конечно пристигна и тоа на голема врата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …