(ВИДЕО+ФОТО) ЗАМИНУВАЊЕ НА ИКОНАТА НА ГРАНЏОТ: Марк Ланеган починал на 58. години

Влијателниот музичар Марк Ланеган починал на 58-годишна возраст.
Смртта на Ланеган, кој се смета за гранџ икона, била потврдена на неговата страница на Твитер.
– Нашиот сакан пријател Марк Ланеган почина утрово во својот дом во Ирска. Омилениот пејач, текстописец, писател и музичар имаше 57. години, оставајќи ја зад себе сопругата Шели. Засега нема други информации.
Во истото соопштение се моли во овој момент да се почитува приватноста на семејството.


Ланеган беше фронтмен на The Screaming Trees од 1985. до 2000. година, а беше познат и по неговата работа со бендови како Queens of the Stone Age, Mad Season, The Gutter Twins и по многубројните соработки.
Иако не се познати деталите за причините за смртта, странските медиуми јавуваат дека Ланеган боледувал од болест на бубрезите.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …