(ВИДЕО+ФОТО) Врежани во карпата: Нестварни скали кои водат до Ѓаволскиот котел!

Најголема атракција се секако скалите врежани во карпата во подножјето на водопадот кои изгледаат како да излегле од некоја бајка на браќата Грим…
Паилон дел Диабло или Ѓаволски котел редовно се наоѓа на списоците на некои од најубавите места во Еквадор, но и во целиот свет. Тоа е водопад на реката Пастаза во еквадорската дождовна шума лоцирана во селото Рио Верде а на дваесетина километри оддалеченост од најблискиот град – Баноса.


Иако Ѓаволскиот котел се искачува на само 80 метри во висина, поради големото количество на вода што тече одозгора ќе ви се види многу повисок и помоќен. Многу љубители на природата се привлечени не само од спектакуларната убавина, туку и од нејзината локација „среде ништо“.


Има два правци за да стигнете до водопадот, и двата можат да се истражуваат за цена од неколку долари вреди да се истражуваат за цена од само неколку долари. Најголема атракција се секако скалите врежани во карпата во подножјето на водопадот кои изгледаат како да излегле од некоја бајка на браќата Грим. Имајте на ум дека скалите се секогаш влажни и лесно можете да се лизнете ако не сте внимателни.


Погледнете како изгледа овој еквадорски водопад во видеото на „Photographer and Traveller“ (Фотограф и патник) на YouTube.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …