(ВИДЕО+ФОТО) ВО КИНАТА КОНЕЧНО ПРИСТИГНУВА „ПЕКОЛНИ УЛИЦИ 9“: Карди Би, Шарлиз Терон, Хелен Мирен рамо до рамо со Вин Дизел

Во деветтиот дел, Дом Торето ќе мора да се соочи со гревовите од своето минато, ако сака да ги спаси оние кои најмногу ги сака.
Продолжението на американската франшиза „Пеколно улицо 9“ пристигнува во кината, а се надеваме наскоро и во нашите. Во ова продолжение, Дом Торето (Вин Дизел) ќе мора да се соочи со гревовите на своето минато, ако сака да ги спаси оние што најмногу ги сака. Неговиот тим се собира за да запре врвен возач и многу вешт атентатор кој има намера да го уништи светот: човек кој исто така е случајно и напуштениот брат на Дом, Џејкоб (Џон Син).


Режијата е на Џастин Лин, кој работеше и на третото, четвртото, петтото и шестото поглавје од франшизата. Покрај Вин Дизел и Џон Син, во филмот играат и Мишел Родригез, Тајрис Гибсон, Крис Лудакрис Бриџис, Џордана Брустер, Натали Емануел и Сунг Канг а играат рамо до рамо со Курт Расел и Оскаровците Хелен Мирен и Шарлиз Терон. Ќе се појави и нов лик од франшизата Лејса, жена со поврзаност со минатото на Дом и Регетон сензацијата Озуна, а ликот ќе го оживее добитничката на наградата „Греми“, раперката и суперѕвезда Карди Б.



„Пеколни улици“ е сага за нелегални улични трки со автомобили и грабежи со кои се справуваат главните ликови. Првиот дел излезе во 2001. година и го следи полицаец (Пол Вокер) кој се инфилтрира во група која организира нелегални трки со автомобили. Иако првиот дел наиде на лоши критики, со текот на годините оваа франшиза стана една од најпопуларните, а до април 2021 година заработи пет милијарди долари ширум светот. Покрај девет дела, филмот произведе два кратки филма: „Турбо полнење: Вовед“ (2003) и „Одметници“ (2009), серија видео игри, како и филмот „Пеколни улици: Хобс и Шо“ од 2019 година. Филмот заработи пет милијарди долари во текот на две децении.


Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …