(ФОТО) КОНЕЧНО – Кејт и Вилијам испратиле јасна порака на Хари и Меган!

Вилијам и Кејт им испратиле јасна порака до Хари и Меган а како ќе продолжи ситуацијата во кралското семејство и дали ќе се одржи долгоочекуваното помирување, останува да видиме.
Семејството на Хари и Меган е побогато за друг член, симпатично мало девојче, чие име може да ги смири страстите во кралското семејство. И последната објава на официјалниот профил на Вилијам и Кејт, кои им се обратија на Хари и Меган со емотивни зборови, покажува дека се на добар пат да го сторат тоа.
– Воодушевени сме од веста за доаѓањето на бебето Лили. Честитки за Хари, Меган и Арчи – се наведува во соопштението на војводата и војвотката од Кембриџ, со винтиџ фотографија направена за време на бременоста на Меган.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Duke and Duchess of Cambridge (@dukeandduchessofcambridge)


Објавата за кратко време собра голем број „лајкови“ и коментари, кои беа главно позитивни.
Односите меѓу браќата беа на тенок лед откако Хари со сопругата одлучи да се повлече од кралските должности. Иако реши да го води својот живот далеку од семејството, Хари не ја криеше желбата да ги подобри односите со неговиот брат.


Првите чекори кон помирувањето беа направени на почетокот на оваа година, во април, на погребот на војводата од Единбург, кога Хари и Вилијам беа фотографирани за време на разговорот. Останува да видиме дали бебето со симболично име повторно ќе го приближи семејството.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …