Еве идеја за вкусен оброк кој ќе го обожуваат и’ децата и возрасните…
Доколку ви здодеале класичните шпагети со ќофтиња, или вашите деца не сакаат да ги јадат, еве генијален начин за подготовка на ова јадење.
Подготовка: сварете шпагети, исцедете ги и’ полијте со маслиново масло, да не се залепат.На изладените шпагети изрендајте пармезан (или друго тврдо жолто сирење) и измешајте.

Во калап за мафини, намачкан со масло, ставете шпагети, но во средина нека има вдлабнувње во кое ќе го ставите омилениот сос.

Потоа ставете ќофте, полијте со сос и наросете пармезан.
Вака подготвените шпагети ставете ги во рерна загреана на 180 степени и печете 20 – 25 минути.

Кога ќе ги извадите од рерна оставете малку да се изладат за да полесно ги
извадите од калапите.

Можете да ги сервирате директно на чинија или со сос.
Совет: шпагети на овој начин можете да подготвите и со вам омилените состојки.

За подетални упатства погледнете го видеото:
ekran платформа за слободоумни