(ВИДЕО+ФОТО) Убиен член на филмската екипа на снимањето на серијата „Ред и закон“

Џони Пизаро, член на екипата на телевизиската серија „Закон и ред: организиран криминал“ бил застрелан и убиен на снимањето на серијата во Њујорк, потврдила полицијата за американските медиуми.

Триесет и едногодишниот Џони бил пронајден во вторникот околу 5:15 часот по локално време на станбена улица во Бруклин пред почетокот на снимањето на серијата. Тој се здобил со повеќе прострелни рани во пределот на главата и вратот.



За време на пукањето немало снимање
Тој бил пренесен во болница каде била констатирана смрт, информираат од полицијата која ја спровела истрагата. Се уште не се познати информациите за осомничените, како и мотивот за убиството, но наводно напаѓачот се приближил до возилото во кое се наоѓал Џони и пукал во него.



На снимките на локалните медиуми по инцидентот, полицајците на местото на злосторството се видени како ја фотографираат внатрешноста на црвената Honda Civic со отворена совозачка врата.


Според портпаролот на телевизиската мрежа NBC, за време на пукањето немало снимање и било потврдено дека убиениот е член на нивната екипа. Работел како продукциски асистент во врска со паркирањето на сетот. Неговата задача била да се погрижи улицата да биде чиста за да можат возилата поврзани со снимањето на серијата да се паркираат.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Нова сезона во Италија – „Емили во Париз“ го воодушевила дури и Емануел Макрон: „Позитивно влијае на имиџот на Франција“

Популарната серија „Емили во Париз“ моментално ја емитува својата четврта сезона на Нетфликс, а дејството …