(ВИДЕО+ФОТО) ТРАГИЧНА СУДБИНА: Сопругот и починал ден после венчавката…Болеста била појака…

„Денеска срцето ми е претешко и претажно, го загубив мојот најдобар пријател, сопругот, мажот и таткото на нашиот син. Се обидувам да најдам сили во себе и да продолжам понатаму“, рекла несреќната Австралијанка.
Емотивната венчавка на Навар и Маја е невозможно да ве остави рамнодушни. 22.годишниот спортист се оженил со љубовта на неговиот живот непосредно пред да ја изгуби битката со рак на мозокот.
Се’ било организирано во еден училишен двор во Квинслед, Австралија. Било тажно и многумина плачеле. Било тешко да се веселат кога знаеле дека е прашање на момент кога Навар Херберт (22) ќе почине.
Свадбеното видео, кое ја следи интимната венчавка во двор, изобилува со емоции.
Снимката ги прикажува моментите кога младенците се подготвуваат за свадбата и си ветуваат дека ќе бидат партнери до крајот на животот, а по церемонијата, нивните блиски изведуваат традиционален хака танц.
На  несреќниот рагбист кој бил јак маж, преполн со сила и волја за животот, пред неколку месеци му бил дијагностициран рак во мозокот, пред само 9 месеци, неколку недели по раѓањето на неговото прво дете со Маја. Здравствената состојба за кратко време му се влошила, но парот одлучил да ги искористи последните моменти заедно за да ја круниса љубовта со брак.

Маја сега е посветена да му ја исполни последната желба на Навар, односно да биде закопан во неговиот роден град. Таа со кратка порака побара помош на GoFundMe за неговото тело да биде пренесено од Австралија во Нов Зеланд и благодарение на многуте донации, веќе е блиску до потребната сума (од потреебните 100.000 долари веќе биле собрани 856.000).
„Денес моето срце е тешко и тажно. Го изгубив мојот најдобар пријател, сопругот и таткото на нашиот син. Облеана сум со љубовта од пријателите и роднините. Ова е тешко време, но наоѓам сила и прибежиште во поддршката од сите. Тој остави трага во животите на многу луѓе и секогаш ќе биде во нашите сеќавања и ќе има специјално место во нашите срца“ – пишува таа, пренесува Daily Mail .


Forever 💛🌻💍

Gepostet von Maia Falwasser am Samstag, 22. Juni 2019


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …