Татко на шест деца загинал на плажа во Северна Каролина откако го удрил бран,при што го скршил вратот, објавила на Твитер неговата сопруга.
Ли Дингл (37) си играл со три од своите деца на плажата Оак Ајленд, во четвртокот, кога дошло до удар на бран, јавува CNN.
Силината на ударот му го скршила вратот, од што грлото толку му натекло што мозокот му останал без кислорот премногу долго за да се опорави. Починал еден ден подоцна и покрај настојувањата на лекарите да го спасат.

Жал на сопругата
„Мојот партнер, мојата љубов и мојот дом умреа денес во луда несреќа“, рекла сопругата Шенон Дингл.
„Се запознавме кога имав 18. а тој 19. години и оттогаш сме заедно. Не очекував дека од него ќе се простам на 37. години. Не знам како да бидам возрасна без него, но ќе научам. Само би сакала да не морам“, рекла сопругата.
Спасувачката куќа на Оак Ајленд потврдила дека веднаш после несреќата била повикана брза помош, но тогаш веќе било предоцна.
Способен човек и добра личност
Дингл беше претседател на градежна фирма во Северна Каролина, која се занимавала со поправка на структурни проблеми и други видови оштетувања на зградите. Тој бил назначен за претседател само две недели пред неговата смрт.
Неговиот деловен партнер, Том Калдвел, рекол дека Динг имал „големо срце” и дека подигнал шест деца со својата сопруга, од кои четири биле усвоени.
“Ли беше скромен, добар и исклучително способен, неговиот приоритет беше секогаш втор”, рекол Калвел. “Нема многу такви луѓе, ужасно многу ќе ни недостасува”, додал тој.

Уште еден соработник, водечкиот инженер и извршен потпретседател, Крис Кут, изрази жалење преку е-маил: “Тој беше работник од соништата. Добар пријател, посветен татко и храбар човек што сакавте да го имате покрај себе во време на опасност”.
Покрај оваа работа, Дингл работел и во одделот за вонредни состојби за да спаси луѓе од згради кои би се урнале или биле погодени од пожар.
Имал 15. години работно искуство и во 2004. година дипломирал градежништво на Универзитетот во Северна Каролина.

Екран.мк/Index.hr/CNN
Фото: Printscreen/Instagram