Популарната манекенка Криси Тајген го загуби своето бебе во петтиот месец од бременоста, што го очекуваше со светски познатиот пејач, Џон Леџенд, а нивните шокантни фотографии од болницата го обиколија светот.
„Шокирани сме и доживуваме болка за која само сме слушнале, каква што никогаш порано не сме ја чувствувале. Не можевме да го запреме крварењето и да му дадеме на нашето бебе течност што очајно му беше потребна, и покрај трансфузијата. Само што не беше доволно. Никогаш порано не сме избрале имиња за своите деца, сè до последната минута, се додека не ја напуштивме болницата, но поради некоја причина, ова мало момче во стомакот почнавме да го нарекуваме Џек. И тој секогаш ќе биде Џек за нас“, напиша Криси во описот на фотографиите што ги објави и додаде:
„Џек работеше напорно за да стане дел од нашето мало семејство и тоа ќе биде, засекогаш. За нашиот Џек: Жал ни е што тие први моменти од животот беа придружени со бројни компликации што едноставно не можевме да ти го обезбедиме потребниот дом за да преживееш. Ние секогаш ќе те сакаме“, гласи шокантното соопштение на Криса.
На шокантно видео објавено денес од нејзината мајка, таа се прости од починатиот внук.
Видеото покажува дека мајката на Криси во прегратките го има Џек и таа наскоро почнува да липа додека болничкиот работник и вели:
„Можете да го допрете ако сакате“.
На емотивната сцена се гледа како мајката на Криси ги спушта рацете кон Џек пред да се наведне да го бакне.
На другите фотографии што ги сподели, таа го држи бебето во рацете.
Криси во неделата вечерта беше хоспитализирана во медицинскиот центар „Седарс-Синај“ во Лос Ангелес со обилно крварење поради слабата плацента и оттогаш е во болница. Ова би било трето дете на парот. Тие имаат ќерка и син, а претходните две бремености исто така биле ризични.