(ВИДЕО+ФОТО) Тажна судбина – Избегала од Романија за да се врати и умре: Пејачката која со слава се здоби со песна на Бреговиќ пронајдена мртва во Дунав!

Романско-канадската пејачка Анка Поп е пронајдена мртва откако нејзиниот автомобил мистериозно завршил во Дунав, на југозападот на Романија.
Службата на брза помош соопштила дека ја истражуваат смртта на пејачката, наведува „Фокс њус“. Нив ги повикала 34. годишната сестра на пејачката бидејќи не можела да влезе во семејната куќа, во неделата навечер.
Полицијата во вторникот соопштила дека ја истражува смртта на пејачката.


Анка Поп избегала од комунистичка Романија со своето семејство, во 1987. година, преминала во тогашна Југославија каде била бегалец. Неколку месеци подоцна емигрирале во Канада.
После паѓањето на комунизмот се вратила во татковината. Оваа година ги „вознемирила“ медиумите кога објавила дека е во истополна врска, во општество кое знае да биде нетолерантно кон хомосексуалноста.


Нејзиниот музички стил бил своевиден спој на балканските звукови и мејнстрип попот.
Соработувала, помеѓу останатите и со Горан Бреговиќ на неговиот албум „Champagne for Gypsies”,но и во уште неколку наврати.
Станала најпозната по нејзиниот хит „Едерлези“, исто така дело на Бреговиќ.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …