(ВИДЕО+ФОТО) Тамара Грујеска ИМА СИЛА, талент и љубов да го смени светот! БИЛБИЛОВ го препозна тоа во неа!

Тамара Грујеска за повеќето релативно ново име на домашната сцена, но за оние помладите веќе добро познат вокал. 12-годишната Тамара преку детските фестивали, тетовскиот „Јаболчиња”, „Златно славејче”, „Езерски бисери” во Струга, прилепскиот „Ѕвездички”, „Шкољкице” во Нови Сад, Golden Stars Rain” во Русија… сега влезе во работилницата на хитмејкерот Роберт Билбилов, кој ѝ спакува одлична нумера наменета за тинејџерите, но и сите оние кои веруваат во љубовта бидејќи неа и емоциите кон сѐ што е околу нас ги доживува секој без оглед на возраста.

           Темата носи наслов „Имам сила” и автор на музиката и аранжманот е Роберт Билбилов, додека текстот, што во себе носи една убава порака го потпишува Тања Соколовска. Песната има модерен поп звук, со малку етно елементи и претставува убав спој на младост и квалитет.


This image has an empty alt attribute; its file name is Tamara8.jpg

           „Текстот е сериозен и има смисла и поента, а во себе носи една една убава порака. Срцата на децата се чисти и тие заслужуваат да сонуваат за својата иднина, токму таква е и пораката која е насочена до сите деца, но и повозрасните бидејќи токму љубовта и емоциите се она што го доживуваме сите. Тамара покажува дека има сила да види и да биде нешто што сега го нема, но има многу нешто што ќе го даде во иднина, со искрена верба во љубовта на сите околу неа ќе успее  во светот на музиката”, вели Дејан Грујески, таткото на Тамара, кој е презадоволен од соработката со Билбилов. Роберт, вели, успеал на да направи посебна песна, која одговара на возраста на Тамара и во себе носи порака дека секое дете треба да се бори за своите соништа. 


This image has an empty alt attribute; its file name is Tamara7.jpg

Јавноста освен што може да ја чуе „Имам сила”, веќе може да го види и видеото за кое се погрижи Дарио Јанковиќ и неговата Генерал продукција. Во видеото Јанковиќ ја прикажува Тамара во едно поинакво светло, во еден поширок временски период, како од некој посебен универзум. Тамара со својот посебен стајлинг, дело на дизајнерот Златко Јованоски, е претставена како зрак на надеж и знак за вистинскиот пат на секое дете. Студиото BACKSTAGE од Гостивар и Среќко Ѓорѓиевски, кои секогаш се тука за Тамара, и овој пат се погрижија за нејзината коса и комплетен изглед.


This image has an empty alt attribute; its file name is Tamara17.jpg

Тамара, инаку е седмоодделенка во основното училиште Гоце Делчев” од Гостиварно, исто така, е и ученичка во основното музичко училиште Енвер Стафаи” и свири пијано. Својот глас го усовршува  во музичкото училиште на Андријана Јаневска, отсек соло пеење популарни светски жанрови, а има и online часови и курсеви кај светски познатата вокална учителка Шерил Портер од САД. 

Уживајте во „Имам сила” на младата Тамара и верувајте во себе, своите соништа и, секако, љубовта, затоа што само со верба и силна желба може да дојдете до целта.
 
 

Фото: Приватна архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …