(ВИДЕО) Нејзината снимка со години е една од најгледаните за време на празниците

Во пресрет на божиќните и новогодишните празници на социјалните мрежи се споделуваат различни вирални видеа од претходните години, а овој пат познатата дама од хорот и нејзиниот настап за време на изведбата на популарната песна „Jingle Bells“ си ја вратија својата стара слава.
Хорот составен претежно од средовечни дами пее, а една од нив диво танцува, мавта со рацете и на публиката и приредува спектакл со изрази на лицето достојни за Џим Кери.
Која е оваа жена, се прашувавме уште во 2018 година, кога ова видео пред празниците достигна повеќе од 5.000 прегледи.


Тогаш го добивме одговорот, а бидејќи видеото повторно стана вирално оваа година и тоа на Тик Ток, не е лошо да потсетиме за тоа.
Дамата од видеото, која американските медиуми ја пронајдоа веднаш по објавувањето на видеото, е универзитетска професорка од Оклахома Сити, која како член на хорот добила посебна задача да биде „што е можно пооткачена“ за време на божиќната претстава.
Во прашање е Мари Далам, професорка по религија и автор на неколку книги.
Мари, како член на хорот на Оклахома Сити, добила задача од менаџерот на оваа група пред божиќниот настап да застане пред изведувачите и да биде „што е можно пооткачена“ во сопствениот настап. Но, во последен момент заборавила каде треба да стои, па останала меѓу останатите членови на хорот и решила тоа што се „втопила во толпата“ да го надополни со малку поинтензивни танцови движења.
„Хорот за мене е место каде што можам да се глупирам и да се опуштам, за да можам да бидам сериозна и професионална остатокот од времето“, вели Мари.

Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Eксклузивен концерт на Пласидо Доминго во Скопје

Прагма Продукција во копродукција со Македонска Опера и Балет го најавува спектаклот кој ќе се …