(ВИДЕО+ФОТО СТРАВИЧНИ СЛИКИ ПОСЛЕ ПОЖАРОТ ВО ТЕТОВО: Од ковид болницата останаа само саѓи – црн дим над градот!

Страшниот пожар што се случи синоќа во Тетово, кога беше опожарена привремената ковид болница, зеде со себе најмалку 14. животи и остави трагична сцена.


На видеата што граѓаните ги објавуваа на социјалните мрежи, можеше да се види дека пламените јазици речиси беснееле, а густ и црн чад се кревал во сите правци. Темен облак беше забележан како се крева во воздух во близина на главниот пат во Тетово.


Шокантни слики, по пожарот, пристигнуваат и од овој град. Само по гаснењето на пожарот, можете да видите какви биле неговите димензии. Од привремената болница за ковид, наменета за лекување на пациенти со тешки форми на корона вирус, останаа само костурот и јаглен.
Голем број пожарникари беа на терен за гаснење на пожарот, а имаше и полиција и брза помош. Граѓаните исто така се собраа околу изгорената болница за ковид, но не можеа да се приближат, бидејќи полицијата го блокираше пристапот од безбедносни причини.



Пожарот уништи се’ што имало пред него, дури и металните цевки за вода, како и едно возило на неколку метри оддалеченост од болницата.
Потсетуваме, пожарот, кој избувна околу 21 часот, е изгаснат, а телата на жртвите се пренесени во форензичкиот центар. Исто така, како што претходно објавија медиумите, покрената е истрага.
Има и повредени кои се префрлени во Скопје.


Пожарот бил изгаснат од седум противпожарни возила со 30 пожарникари.
На самото место пристигнал и министерот за здравство на Македонија, Венко Филипче.
Филипче синоќа преку Твитер изрази најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите.

– Ова е многу тажен ден – наведува Филипче и додал дека неколку пациенти итно се префрлени во болницата во Скопје.
Филипче го опиша пожарот како „страшна несреќа“, без да даде детали.


За несреќата зборуваше и македонскиот премиер Зоран Заев, кој рече дека причина за пожарот е експлозија и дека истрагата е во тек.
Тој изјави дека пожарот е изгаснат, но дека со него се изгаснати многу животи.

Тој на својот Фејсбук изрази сочувство до семејствата на жртвите и рече дека е започната истрага.

Претседателот Стево Пендаровски преку Фејсбук изрази сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посака успешно закрепнување.

Привремената болница, наводно, беше изградена минатата година за да се грижи за луѓето кои страдаат од тешка форма на корона вирусот.

Извор: Tanjug

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …