Актерката Пријанка Чопра неодамна се појави на премиерата на ТВ серијата „Цитадела“ на Амазон во Мумбаи во друштво на својот колега Ричард Маден.
View this post on Instagram
За таа прилика, оваа 40-годишна актерка носеше гламурозна тиркизна креација на модната куќа Версаче, а целиот аутфит го комплетираше со црни буци потпетици. Кога станува збор за нејзината фризура, Пријанка се одлучи за едноставни бранови кои и паѓаа преку рамениците.
View this post on Instagram
Инаку, актерката во 2000 година беше прогласена за најубава жена на светот, а истата година доби и формално признание – Мис на светот. Меѓутоа, таа титула и донесе повеќе немили отколку добри работи, а Индијката за ова зборуваше дури минатата година.
„Порано, секогаш чувствував притисок да изгледам на одреден начин. Целиот мој живот ме воспитуваа со нереални стандарди за убавина – сите сме. Растејќи верував дека сè мора да биде совршено, дека морам да бидам слаба и да носам одредена големина, за да бидам ‘испеглана’. Ми требаше време да се помирам со природната состојба на својата кожа и природна коса“, рекла глумицата.
Исто така, во едно интервју, 40-годишната Пријанка се присетила на „темната фаза од нејзиниот живот“ за која раскажала за „VS Voices“ минатата година.
„Ги јадеев моите емоции. Телото почна да ми се менува, влегов во триесеттите. Поминав низ голема борба бидејќи на интернет добивав навреди како: ‘Изгледаш поинаку’, ‘старееш’ и многу други слични работи ми ја збркаа главата. Очигледно, пораснав во индустрија каде што имав толку тесен поглед на обликот на моето тело, каква е мојата фигура или какви се моите мерки. Во моите 20-ти, мислев дека тоа е нормално”, рекла актерката тогаш.
Фото: Принтскрин/Instagram