Освен како сезона на споделување убави нешта и зближување со најблиските, зимскиот период е познат и како време за уживање во звуците на најубавите празнични евергрини, достапни низ целиот свет со илјадници изведби во различни стилови и јазични верзии од голем број на пејачи и музичари.
Сара Мејс, заедно со Полина Тасева, Калина Велковска, Теа Богатинова и Емилија Колоска, на прагот од 2022. година, на македонската јавност ѝ подготвија вистинско празнично музичко изненадување.
Новата изведба напознатата „Santa Claus is coming to town“, во оригинална а капела преработка,е дел од новогодишниот проект на Sarah Mace & the Christmas Girls, насловен како „A Cappella Christmas Carols“.
Аранжманот е на Теа Богатинова,песната е снимена во студиото „Алшар“, а видео записот е снимен за време на снимањето на албумот, кој што брои вкупно 8. песни. Истите ќе бидат откриени до крајот на оваа година и дополнително ќе ги разубават празниците на сите генерации.
Видео записот од „Santa Claus is coming to town“ e достапен на следниот YouTube линк: