(ФОТО) МЕГАН МАРКЛ ДОБИВА ОТШТЕТА ОД ТАБЛОИДОТ: Издавачите на британскиот Mail on Sunday се согласиле да платат отштета

ИЗДАВАЧИТЕ на британскиот таблоид Mail on Sunday се согласиле да и платат финансиски надомест на војвотката од Сасекс Меган Маркл, три години откако таа ја започна битката за заштита на приватноста поради репродукцијата на нејзиното рачно напишано писмо до нејзиниот татко.
Весникот објави изјава на дното на насловната страница во која им објасни на читателите дека Маркл победила во правен спор за кршење на авторските права против Associated Newspapers, која е сопственик на таблоидот Mail on Sunday, за написите објавени во Mail on Sunday и пренесени на Mejl onlajn.


Таблоидот навел дека ги прекршил авторските права и дека е договорен финансиски надомест, пренесува „Гардијан“.
Војвотката ги тужеше Associated Newspapers за пет написи, кои репродуцираа делови од нејзиното „лично и приватно“ писмо до татко и Томас Маркл во август 2018. година.
Таа го доби случајот претходно оваа година, кога судијата на Високиот суд пресуди во нејзина корист без судење.
Associated Newspapers поднесе жалба со образложение дека случајот требало да оди на судење, но судот ја одби жалбата претходно овој месец.

View this post on Instagram

A post shared by Meghan Markle 🔵 (@meghanmarkle_official)



Судиите одлучиле дека војвотката има „разумни очекувања“ за почитување на приватноста во однос на содржината на писмото.
-Таа содржина беше лична, приватна и не беше прашање од легитимен јавен интерес, изјавил еден од судиите.
Маркл тогаш повикала на преобликување на индустријата на таблоидите.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …