(ВИДЕО+ФОТО) ШАМПИОНИТЕ НА СОБИР – Ден за паметење на Вимблдон: Спектакуларниот Федерер ги засени сите и дал големо ветување

Организаторите на Вимблдон денеска одржаа спектакуларна церемонија по повод 100. години од Централниот терен во Ол Ингланд клубот, а најголемо внимание привлече доаѓањето на Роџер Федерер.
Вимблдон, неофицијалното светско првенство во тенис, првиот и најпрестижниот турнир, се игра од 1877. година, а Централниот терен годинава го слави својот 100-ти роденден.
По тој повод за денеска беше закажана посебна церемонија на која се појавија големите шампиони на Вимблдон. Очекувано најголемо внимание привлече доаѓањето на Роџер Федерер.
Целта на организаторите на Вимблдон беше да го свртат вниманието на оваа голема годишнина и да се потсетат на одличните моменти кои се случија на Централниот терен. Организаторите ги поканија најголемите шампиони на Вимблдон, секако оние кои се уште се меѓу нас, а Роџер Федерер ги доби најголемите овации од навивачите.


Иако и другите големи шампиони добија овации и поздрави, Федерер беше претставен како „најголем на овој турнир на сите времиња“ со осум освоени титули токму на централниот терен. За неговиот спектакуларен изглед и најава нема потреба да се коментира, а колку му недостига во Ол Ингланд Клубот покажува реакцијата на колегите шампиони, бидејќи оваа сезона не игра поради повреда.
Федерер особено ги возбуди навивачите со големо ветување. Тој најави враќање на Вимблдон и порача дека ќе игра барем уште еднаш, иако сите очекуваат дека ја завршил кариерата и дека нема да гледаме повеќе тенис од него.

Заедно со Федерер беше присутен и самиот „крем“ на светскиот тенис. Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Џон Мекинро, Енди Мареј, Горан Иванишевиќ…

Денеска не можеа да присуствуваат великани како Серена Вилијамс, Мартина Навратилова, Иван Лендл, Пит Сампрас.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …