(ВИДЕО+ФОТО) Разорен земјотрес во БиХ, загинала девојка: Тлото се уште не се смирува, штетите се зголемуваат

Неколку часа откако земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтер го погоди поширокото подрачје на Херцеговина, теренот во оваа област се уште не се смирува, а жителите и локалните власти од раните утрински часови ја анализираат состојбата на терен.
Кога станува збор за Столац, каде е забележан посилен потрес и каде, за жал, е забележана единствената жртва од синоќешниот земјотрес (27. годишна девојка), надлежните посочуваат дека е забележана помала материјална штета на куќите, претежно фасади. Неколку се здобиле со полесни повреди.

This image has an empty alt attribute; its file name is zemjotres-vo-mostar-1.jpg
На подрачјето на Мостар, припадниците на противпожарната служба забележале само една интервенција, веднаш по земјотресот кога се урнал оџакот на улицата Титова во овој град.
Во Чапљина евидентирана е и материјална штета на објекти по земјотресот. Како што изјави за Klix.ba шефот на противпожарната служба во Чапљина Мате Јурковиќ, од синоќа пожарникарите имале повеќе од 60. интервенции.
Според информациите на локалните власти, членовите на Штабот за вонредни ситуации го посетиле подрачјето на Невесиње каде не биле забележани оштетувања на станбените згради.


Земјотресот го почувствувале и жителите на Требиње, зад кои исто така е непроспиена ноќ. Началникот на Штабот за вонредни состојби на градот Требиње, Стеван Бекан за РТРС изјавил дека повеќето од граѓаните цела ноќ ја поминале на нозе, но најважно е дека нема повредени.


Фото: Принтскрин/klix.ba

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …