„Касандра“ е веројатно најгледаната латиноамериканска теленовела на сите времиња на овие простори. Скоро нема некој што не знае за Касандра, Игнатиј, Луис Давид, Ранду и Доринда.
Славниот Ранду, на кого Касандра му беше ветена невеста, беше смртно заљубен во неа, во серијата тој беше фрлач на нож во циркус.
Актерот кој го играше Рандуа се вика Хенри Сото и денес има 60. години, а судејќи според фотографиите, денес тој дури и не личи на славниот лик од серијата.
Иако го паметиме по неговата долга црна коса и шалови, Хенри денес е побелен, има пократка коса, а има и брада и мустаќи.
View this post on Instagram
Сепак, дури и по толку многу години, многумина го поврзуваат со Касандра, а ниту тој самиот не заборавил на својата славна улога, па често објавува снимки од оваа серија.
View this post on Instagram
Денес, Хенри игра во театар и се занимава со хуманитарна работа.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram