(ВИДЕО+ФОТО) Пристигнува филм за Бијонсе: Музичката дива сама работела на него…

Насловот на филмот е „Homecoming“, според фондот за стипендии кој го покренала токму Бијонсе, а фокусот е на големиот концерт на музичката дива на Кошарел…
Нетфликс го потврдил она што порано било најавено, музичкиот документарец за славната пејачка пристигнува наскоро, а интересно е дека на филмот работела токму Бијонси (37). Со погледот на трејлерот се чини дека фокусот на филмот е на големиот концерт на музичката дива на Кошарел, што е воедно и првпат една темномурна жена да биде главна ѕвезда на големиот фестивал, во историјата.


За реакциите на воодушевените фанови доволно е да се погледнат исечоците од филмот, но за споменатиот концерт r&b и поп пејачката пофалби добила и од деловно воздржаната критика, а популарниот стриминг најавил дека документарецот ќе може да се гледа на Нетфликс од 17. април.
Името на филмот „Homecoming“, е според фондот за стипендии кој го покренала Бијонсе, а оваа програма за доделување стипендии предвидела 25.000 долари за еден студент во секоја од афроамериканските школи кои ги избрала пејачката:Xavier, Wilberforce, Tuskegee i Bethune-Cookman. Бијонсе ќе додели вкупно 100.000 долари.


Признанието на афроамериканското образование и историски достигнувања на заедницата, пејачката последните години се повеќе ги тематизира преку своето делување – во песните, говорите и перформансите.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …