(ВИДЕО+ФОТО) Пристигнал трејлер за новиот „Аладин“: Не престануваат да го исмејуваат главниот глумец – Вил Смит!

Дизни го претставил најновиот трејлер за филмот „Аладин“ на Гај Ричи и првиот поглед на синиот глумец Вил Смит.
Филмот ќе биде прикажан на 24. мај. Во главната улога на Аладин е Мену Масад, Нарван Кензари го глуми Џафар, а принцезата Јасмина – Наоми Скот.
Режисерот на оваа филмска адаптација, Гај Ричи, порано рекол дека би сакал духот да наликува на „мускулчест татко“ од седумдесеттите години на минатиот век, наведува Independent.


„Беше доволно голем да се чувствува како сила – не толку мускулест да изгледа како да ги брои своите калории, но доволно јак да знаеш дека е во собата“, рекол Ричи говорејќи за Вил Смит.


Смит (50) рекол дека бил „преплашен“ поради тоа што легендарниот Џин ќе го глуми после легендата Робин Вилијамс кој, како што рекол Смит, во улогата ја внел својата „безвременска верзија на себе“ и дека ќе се обиде да го направи истото, пренесува Спутник.
Изгледот на глумецот како популарниот дух не минал најдобро кај Твитерџиите туку наишол на исмејување. Ова се некои од коментарите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …