(ФОТО) Петгодишно дете со албинизам станал модел за детска облека: Недостатокот претворен во уникатност!

Пет годишниот Елајџа Енверем е момче со впечатлив изглед. Има светла кожа и бела коса. Имено, од раѓање има албинизам што значи дека неговиот организам не може да го создава пигментот меланин.
Момчето не сфаќало поради што луѓето со голем интерес гледаат во него и поради што изгледа понаку па мајка му Луси Дејв му направила Инстаграм профил каде објавувала фотографии со кои сакала да покаже колку е посебен. Сметала дека некоја компанија би можела да го ангажира како модел што на крај и се остварило.


Елајџа потпишал нов договор и учествувал во кампања на познат бренд, а токму тоа влијаело на неговата самодоверба.
„Сакав да сфати дека токму тоа што изгледа поинаку го прави посебен. Кога влезе во продавница и виде своја фотографија на ѕидот ја остваривме целта. Самодовербата толку му се зголеми што денес е среќен и задоволно комуницира со луѓето и повеќе не се крие“, раскажала мајката за порталот Metro.

Момчето стекнало многу нови пријатели, а наредниот викенд ќе се запознае со уште едно дете со албинизам и заедно ќе учествуваат во една кампања.

Foto: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …